Saturday, December 8, 2012

Подготовка




Илјадници години, процесот за правење на чоколадо не се промени. Кога пристигна индустриската револуција, настанаа многу промени кои го донесоа тврдото, слатко колаче назад. Во 18 век, беа создадени механички мелници кои го истиснуваа путерот од какаото, кој придонесуваше за да се создаде тврдо и трајно чоколадо. Но, пред индутриската револуција овие мелници не се користеа многу. Не помина многу време откако револуцијата стивна и компаниите започнаа да го рекламираат овој нов изум за да ги продаваат чоколадни табли што ги гледаме денес. Кога се произведоа машините, луѓето низ светот започнаа да го искусуваат и користат чоколадото. Кон крајот на 18 век, првата форма на цврсто чоколадо ја создаде Дорет во Турин. Пјер Паул Кафарел создаде цврсто чоколадо во големи количини во 1826 година. Во 1819 година, Холанѓанецот Конрад Јоханес ван Хојтен создаде метод а вадење на маснотиите од семињата на какото и направи какао и какао путер во прав. Ван Хојтен исто така го разви и таканаречениот холандски процес за правење на чоколадо со алкали за да се отстрани горчливиот вкус. Ова го овозможи формирањето на чоколадни табли. Се верува дека англичанецот Џозег Фрај ја направил првата чоколадна табла за јадење во 1847 година, а подоцна и Кадбуру браќата во 1849 година.

Даниел Питер, шведски производител на свеќи, се приклучи кон чоколадниот бизнис на неговиот свекор. Во 1867 година тој започна да експериментира со млекото како состојка. Измисли нов производ, млечно чоколадо кое почна да се продава на пазарот во 1875 година. Неговиот сосед, поизводител на бебешка храна Хенри Несле му помогна да ја отстрани водата од млекото за да го спречи мувлосувањето на чоколадото. Родолф Линд го измисли процесот наречен соединување, кој вклучува загревање и фино мелење на цврстите чоколади за да се обезбеди дека течноста е подеднакво измешана. Со ова Милтон Хершеј можеше да го направи чоколадото попознато преку производство на достапни чоколадни табли.



Mодерна трговија

Околку две-третини од какаото во светот се произведува во Западна Африка, а околу половина од вкупната количина се произведува во Брегот на Слоновата Коска. Како и многу други производители, самостојните какако фармери се изложени на милоста на променливите светски пазари. Во период од неколку години цената може да се менува од помеѓу 945 долари и 3.000 долари за тон. Додека инвеститорите кои тргуваат со какао можат да ги продадат акциите кога ќе посакаат, самостојните какао фармери не можат да го зголемат производството и да ги напуштат дрвјата. Само три до пет проценти од договорите „какао иднини“ , тргуваа на какао пазарите и завршија со физичка испорака на какаото. Секоја година седум до девет пати повеќе какао се купува и продава на берзата која постои. Се потврдува дека околку 90% од фармите за какао на Брегот на Слоновата Коска употребувале еден вид на ропство за да се се одржи производството. Кога паѓаат цените за какото, фармерите во Западна Африка ги намалуваат трошоците преку прибегнување кон ропство.

No comments:

Post a Comment