Saturday, December 8, 2012

ИЗМИСЛЕНА ЧОКОЛАДА ВО ПРАВ


Францускиот професор Давид Едвард измислил чоколада во прав која е без калории а може да се употребува повеќе пати. Сместена е во обична туба од која се истиснува во устата. Нема калории а може да има четири вкусови, обичен, на метвица, на манго и на малина.

Според зборовите на професорот кој го измислил ова чоколадо во прав тоа не е опасно по луѓето, бидејќи зрната се толку големи што не можат да влезат во белите дробови.

Правот - чоколада се очекува од идниот месец да биде пуштен во трговските дуќани, а оние кои имале ретка можност да го пробаат категорични се дека вкусот му е фантастичен и дека само за неполна секунда усната шуплина ќе осети сласт поголема од онаа кога се консумира чоколада.

No comments:

Post a Comment