Saturday, December 8, 2012

Историја на чоколадото

Историјата на чоколадото запонува во Мезоамерика. Чоколадото, ферментираните, печените и мелени зрна од какаото Теоброма може да се најдат во Мокаја и кај други луѓе од пред-Олмек, со докази за постоење на какао пијалоци уште од 1900 години п.н.е. Потеклото на зборот „чоколадо“ најверојатно доаѓа од јазикот на Ацтеките-нахуати и во англискиот јазик влегол преку шпанскиот јазик.
Чоколадото доаѓа од ферментираните, печените и мелените зрна од какото кои се добиваат од зимзеленото дрво Теоброма. Зборот „чоколадо“, потекнува од јазикот нахуати на Ацтеките. Нахуатскиот збор xocolatl, значи „горчлива вода“. Предколумбовските луѓе од Северна и Јужна Америка, пиеле чоколадо помешано со ванила, пченка, чили (како зачин) и achiote-(грмушка или мало дрво од тропскиот регион во Америка). Како и модерните Мексиканци, така и Ацтеките развиле разновидна храна од чоколадо. Користејќи ги рецептите, кои се пренесуваат од генерација на генерација, Мексиканците го вклучувале чоколадото во многу од нивните оброци и не го употребувале само како десерт.


Европејците го засладувале додавајќи шеќер и млеко, за да направат цврсто чоколадо создавајќи ја модерната табла од чоколадо. Иако потеклото на какаото е од Америка, денеска Западна Африка произведува речиси две-третини од светското какао, а Брегот на Слоновата Коска произведува околу половина од тоа. Денеска чоколадото е еден од најпознатите и најпрепознатливите вкусови во светот. Постојат многи јадења кои содржат чоколадо како штп се: табли од чоколадо, бонбони, сладолед, колачиња, пити, чоколадна крема, пијалаци и други десерти.

No comments:

Post a Comment